| четврток, 6 декември 2018 |

Повредени најмалку 8 пешаци: Таксист покоси десетина навивачи во центарот на Москва (вознемирувачко видео)

Таксист покоси десетина пешаци додека тие двиежеа на тротоар во близина на шопинг-центарот „Гостини двор“ во центарот на Москва, повредувајќи најмалку осум луѓе, меѓу кои и мексикански навивачи.

Според полицијата во Москва, автомобилот прво удрил во знак на патот, по што поминал во луѓето, а за среќа инцидентот поминал без жртви. Видеото од несреќата кое беше објавено на социјалните мрежи покажува како возачот, кој според полицијата направил ненамерна грешка, се обидува да замине од местото на инцидентот, но луѓето во околината успеале да го сопрат. Тој е уаспен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top