| четврток, 6 декември 2018 |

Ужас во ноќен клуб: Најмалку 20 луѓе помлади од 18 години загинаа во Каракас

Најмалку 17 лица загинаа, од кои повеќето се загушиле, во ноќен клуб во главниот град на Венецуела, Каракас, откако еден млад човек фрлил граната со солзавец во објектот, соопшти венецуелскиот министер за внатрешни работи Нестор Реверол.

Некои венецуелски портали јавија дека бројот на загинати е најмалку 21 жртва.

Во клубот „Лос Которос“, кој се наоѓа во богатиот кварт Ел Параисо, имало повеќе од 500 млади луѓе кои славеле дипломирање. Во еден момент дошто до тепачка меѓу неколку присутни и тогаш еден од нив ја активирал гранатата, изјави Реверол. Во клубот се создала паника, и некои од жртвите починале од задушување, а останатите биле прегазени до смрт.

Осуммина од загинатите се на возраст под 18 години, а речиси сите се помлади од 20, прецизира министерот.

Во тек е истрага за инцидентот. Досега се уапсени седум лица, од кои двајца не се полнолетни, а уапсено е и лицето што ја фрлило гранатата. Уапсени се и организаторите на прославата, затоа што не ги презеле неопходните мерки за безбедност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top