| четврток, 6 декември 2018 |

Избегнат инцидент на скопскиот Плоштад: Со албански знамиња прославувале на споменикот на Александар Македонски

Поголема група луѓе со албански знамиња попладнево се фотографирале пред споменикот на Александар Македонски, познат уште како и „Воин на коњ“ на скопскиот Плоштад, откако претходно имале своевидна прослава, објави „Инфомакс“.

Според порталот, за малку бил избегнат инцидент,  откако на плоштадот пристигнала поголема група на граѓани со намера да спречат сквернавење на споменикот на Александар Македонски.

Откако ги забележале, странските државјани ги собрале знамињата и си заминале.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top