| четврток, 6 декември 2018 |

Агенда: Потпишувањето на Договорот утре во 9.30 часот во Преспа, в понеделник во 9 часот законот за ратификација на Влада

Метју Нимиц,Федерика Могерини, Јоханес Хан и Розмари Ди Карло, заменичката на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ќе бидат сведоци на потпишувањето на договорот за името  утре во 9:30 изутрината во  Преспа на грчка страна меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција,Никола Димитров и Никос Коѕијас, објави 24Вести.

Во македонската официјална  делегација освен премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе бидат вицепремиерите Бујар Османи, Радмила Шеќеринска и Оливер Спасовски.

Законот за ратификација планирано е да помине на Владина седница в понеделник во 9 часот, по што ќе биде пратен во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top