
Во првиот денешен меч од Светското првенство во Русија, Уругвај го совлада Египет со минимални 1-0, благодарение на голот на Хозе Хименез постигнат во 90-та минута од натпреварот.
На средбата од А групата, одиграна во Екатеринбург, Уругвајците постојано ја имаа иницијативата и неколку пати посериозно се заканија преку тандемот Луис Суарез- Единсон Кавани. Египет речиси целиот натпревар успеваше да одолее на нападите, но претрпе пораз со гол примен во самиот финиш од средбата.
За египетската репрезентација денеска не играше повредениот Мохамед Салах, кој остана на клупата за резервни фудбалери до крајот на натпреварот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


