| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов: Со претседавањето на Бугарија, повторно сме вратени на европската агенда

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, за време на официјалната посета на Бугарија го посети и Културно информативниот центар на Република Македонија во Софија, каде се сретна со македонски граѓани, стопанственици и културни дејци кои живеат и работат во Бугарија.

Говорејќи за односите меѓу двете земји, претседателот Иванов оцени дека Договорот за добрососедство и соработка отвори нови перпективи и создаде нов амбиент во билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија и оцени дека со шестмесечното претседателство со ЕУ, Бугарија успеа да го врати фокусот на унијата кон регионот.

– Бугарија, со своето претседавање со Европската унија ни помогна нам и на целиот регион, бидејќи нашиот регион, на некој начин, беше на маргините на интересот на Европската унија. Сега сме повторно вратени на европската агенда, рече Иванов во своето овраќање.

Вчера, претседателот во Софија оствари средба со неговиот бугарски колега, Румен Радев и со претседателот на Народното Собрание на Република Бугарија, Цвета Карајанчева. За време на официјалната посета на Софија, Иванов реализираше средба и со поранешниот бугарски претседател, Петар Стојанов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top