| четврток, 6 декември 2018 |

Kaj соседот потписи, во Преспа средба и ручек: Договорот со Грција ќе се потпише во недела

Од Владата на Република Македонија денеска известуваат дека на 17.06.2018 (недела) во регионот на Преспа ќе се одржи настан на кој министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коцијас ќе го потпишат конечниот договор за решавање на македонско – грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство помеѓу двете земји.

– Премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе присустуваат на настанот. Настанот е поделен на два дела, и тоа првиот во Република Грција (потпишување) и вториот во Република Македонија (средба и заеднички ручек). Точните локации и времето на реализација на активностите предвидени во рамки на овој настан дополнително ќе бидат објавени, информираат од Владата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top