| четврток, 6 декември 2018 |

Радишани: Вработен во „Водовод и канализација“ искасан од куче додека отчитувал водомер, газдата бил во дворот

Вчера во 13.35 часот во полициската станица Чаир, вработен во Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ пријавил дека истиот ден околу 10.00 часот на ул. „46“ во с.Радишани, додека извршувал работни задачи, односно отчитувал водомер, повеќе пати бил каснат од куче во пределот на десната нога.

За време на случката бил присутен и сопственикот на кучето кое било без ланец и заштитна маска. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top