| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен новинар во Грција поради шокантна насловна: Ципрас и Коѕијас со куршум в чело

Денеска уапсен е новинар во Грција поради шокантна насловна на грчки весник. Властите кај јужниот сосед наложиле да биде уапсен издавачот и новинаро Стефанос Хиос.

На контроверзната насловна страна се грчкиот премиер Алексис Ципрас и шефот на дипломатијата, Никос Коѕијас со куршум во чело. Се работи за весникот Макелеио чија насловна предизвика бурни реакции во Грција.

Се проверуваат можни прекршувања на Уставот и на новинарската етика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top