| четврток, 6 декември 2018 |

Причини за радост во ВМРО-ДПМНЕ: Јанушев доби син, Нелоски се ожени (ФОТО)

Радосна седмица за ВМРO-ДПМНЕ. Иако на политички план нема простор за прослава, приватно, генералниот секретар Игор Јанушев и поранешниот претседател на Унијата на млади сили имаа силна прочина за прослава.

Дамјан доби братче, а генералниот секретар Игор Јанушев стана татко по вторпат на здраво машко дете.

„Денеска го добив мојот втор син. Му благодарам на Бога што мене и на мојата сопруга не благослови по втор пат. Очекувам да биде храбар и со достоинство и чесност да чекори низ животот и да го носи товарот на ова време.
Ви благодарам на сите за прекрасните честитки.
Нека е жив и здрав, син на татко!“, објави Јанушев на Фејсбук.

Приновата му ја честита и претседателот на партијата на Фејсбук, со исечок од култниот филм „Мис Стон“.

Синоќа, пак, социјалните мрежи беа препалвени со желби за вечна љубов и честитики за поранешниот претседател на Унијата на млади сили, Владимир Нелоски. Тој и неговата сегашна сопруга ги собраа најблиските на свадбена веселба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top