Вчера околу 23:30 часот пред чајџилница во село Батинци, Скопко, М.Н. и уште неколку непознати лица физички ги нападнале 53-годишниот Љ.Г. и неговиот 32-годишен син И.Г., двајцата од село Батинци.
Од нападот, Љ.Г. и И.Г. се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Клинички центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. На нив им била укажана лекарска помош и биле задржани на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Полицијата ги презема потребните мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


