| четврток, 6 декември 2018 |

Силвија ќе ја сотре Македонија

Продолжува влијанието на моќниот циклон Силвија кој во текот на вчерашниот ден (среда) донесе големо невреме во голем дел од државава предизвикувајќи штети и паднати дрвја во Скопскиот регион а на многу места е регистрирана и појава на град, објави Метеомакс.
Попладнево и вечерва времето ќе биде нестабилно облачно на многу места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ проследени со интензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за појава на град

Слично време со чести врнежи и грмежи како и услови за локално невреме ќе продолжи и во текот на следните денови како и за време на викендот кој доаѓа додека температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање.

Локално ќе наврне големо количество на воден талогпреку 40 – 50 л/м2) па токму поради ова можни се локални поројни поплави а постои можност и за зголемување на нивоата на реките и на езерата во државава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top