| четврток, 6 декември 2018 |

Дневен хороскоп за 15 јуни: На Биковите никој ништо не им може, но Водолиите…

Овен

Премногу оган моментално е присутно во сите настани. Одлично ќе се чуствувате бидејќи топлината многу ви годи. Обидете се да не влегувате во судири со околината и да пронајдете внатрешен мир. Тоа не ви е баш јака страна, но бидејќи сте паметни и знаете што сакате ќе успеете да ја пребродите слабоста. Во љубовта состојбата е мирна и задоволителна.

Бик

Не постои опасност денес некој да ви го загрози овој мирен ден. Искористете го денот за средување на некои работи. Вашите деловни планови кои ви се разработени до најситните детали ќе се покажат поскапи одколку што планиравте. Во емотивната врска ве очекува мало разочарување од односот на вашиот партнер. Здравјето чуствително обрнете повеќе внимание.

Близнаци

Комуникациите со деца, со личности кои ги сакате и имате чувство кон нив ќе бидат најизразени нешта во следните два-три дена, но и забавата, прославите, некакви собирања на роднини по весели поводи. Во секој случај, аспектите говорат за мир, спокојство, убави, креативни дружења, многу радост и среќа. Ова се однесува и на сите односи во кои манифестирате чувства со личности од спротивниот пол, а можни се и нови запознавања, средби, обновувања на познанства. Ќе имате среќа или погодности и со парите.

Рак

Одличен ден за започнување со нова работа, или некакво усовршување. Сите ваши напори за развивање и подобрување на вашите знаења и умеења ќе бидат успешни, а секако дека ќе ви донесат и успех. Финансиската ситуација ви е доста нестабилна, па можеби ќе бидете загрижени поради тоа. Ако не можете сами побарајте професионална помош.

Лав

Кај вас ќе се појави желба за наметнување во нешто за што не сте доволно способни. Морате да бидете објективни спрема себе доколку сакате од моменталната ситуација да го извлечете максимумот. Бидејќи настојувате да му докажете на околината нешто што не постои ќе запаѓате од грешка во грешка што ќе резултира со нарушени меѓучовечки односи. Прошетките во природа ќе ве спасат.

Девица

Ќе бидете комуникативни, расположени и креативни. Доколку сте возач на моторно возило можни се пороблеми во сообраќајот, бидејќи концентрацијата нема да ви биде најдобра. Некој ваш колега на многу успешен начин ќе може да ве извади од такт, па бидете внимателни. Се што ќе слушнете од него примете го со резерва. За вас така ќе биде полесно. Љубовните недоразбирања се стишувааат.

Вага

Изразени се желбите за заработка и уживање во материјални богатства. Настојувате да ја прикриете вашата амбиција, бидејќи можете да нагазите на мина. Не брзајте за никаде туку застанете и погледајте оклу себе. Ќе одиграте многу важна улога во решавањето на некој проблем во вашето семејство. Обезбедете време за личноста која ве привлекува. Здравје: главоболки.

Скорпија

Практичната црта на карактерот ќе ви биде во прв план. Ќе се занимавате само со работи од кои имате некаква корист. Иако околината мисли дека не сте себични, вие понекогаш знаете да бидете такви. Обидете да се ослободите од оваа особина. Со Близнаците се можни судири на мислења. Можни се здраствени проблеми и тоа од психосоматска природа. Ништо страшно.

Стрелец

Ќе бидете во дилема која ќе ви ја наметни подобрата половина или пак некој од најдобрите пријатели. Ситуацијата на работа ви цвета и пред вас е прекрасна иднина, но поради тоа вашите блиски ќе се почуствуваат запоставени. За жал тој проблем не ќе можете да го решите без компромис, но немојте да заборавите дека и другата страна треба да покаже извесна доза на толеранција.

Јарец

Хармоничните односи со партнерот ќе бидат причина за одбегнување на сите обврски, дури и оние кои не можат да се одложат. Преиспитајте ги постапките, лесно можете да заработите негативни поени од претпоставените. Слободните претставници на овој знак тој проблем нема да го имаат, напротив работните задачи ќе ги извршуваат со голем ентузијазам.

Водолија

Ќе морате мирно и сталожено да ги анализирате сите задачи кои себе си сте си ги поставиле. Бидејќи ќе сакате да слушате музика и да водите празни разговори може да се случи од сите понудени прилики да ја изберите онаа најлошата -одложување. Кај вас љубовта ќе се случува сосема спонтано и ќе умеете да уживате во неа. Вашиот партнер ќе даде се од себе за да се чуствувате фантастично.

Риби

Денес премногу брзо ќе се одлучите за нешто во што ни самите не сте уверени. Можеби ќе ви успее, но вашите можности се повеќе отколку минимални. Во прв план сепак ќе ви бидат комуникативноста, подвижноста, интелектот и образованието. Ќе имате многу контакти со соседите или роднините. Денот е одличен за шетање. Било каква интелектуална работа нема да ви предизвикува проблеми

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top