По објавувањето на официјалната верзија на договорт постигнат меѓу премиерте на Македонија и Грција, коментар даде и лингвистот Елка Јачева-Улчар од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“.
Нејзиниот статус на Фејсбук го пренесуваме во целост.
Го прочитав Договорот. И колку што разбрав од него само ние Македонците:
– ќе бидеме единствен народ, чие јазично простирање ќе завршува на самоти државна граница;
– на југ (а богами и на исток и на запад) ќе немаме малцинство што зборува македонски;
– како проучувач на македонскиот јазик, веројатно, ќе бидам прогласена за субверзивен и непријателски елемент, кој ќе биде санкциониран од мојата власт, ако посакам да ги проучувам нашите југоисточни говори (така, барем, ги викавме кога се школував, пред 30 години);
– само ние Македонците за разлика од целиот свет ќе треба да не го спомнуваме Александар Велики, додека во цел свет тој се смета за светско културно наследство: роман Александар Велики, опера од Хендал „Александар Велики“… (Патем, кога е открена гробницата во Вергина, грчки историчари на уметност и археолози запишале: според артефактите пронајдени во оваа гробница, според поставеноста на гробовите во неа, како и според антропонимите запишани во неа – оваа гробница зборува за една друга култура различна од онаа што ја среќаваме по другите антички локалитети на територијата на Грција;
– само ние ќе треба да ги почитуваме ендонимите (читај грчките топоними) кои насилно биле наметнати врз словенските по Балканските војни;
– веројатно, ќе треба да се откажеме од четирите евангелија пишувани со грчко писмо на солунски, ениџевардарски, воденски и костурски говор во втората половина на 19 век;
– ќе треба да ги избришеме Граѓанската војна и егејскиот егзодус (кои, патем, и онака не се теми за кои многу се зборувало кај нас, а за во светот и да не зборуваме);
– ќе треба да ги ставиме во бункер „Црно семе“, „Рамна земја“, „Небеска Тимјановна“, „Големата вода“… ќе треба, веројатно, да се забрани и познатата студија на Макс Фасмер за словенските топоними во Грција (една книга што ми беше првата лектира која ја читав кога почнав да се занимавам со топономастика); ќе треба да се повлечат студиите од библиотеките во МАНУ, ИМЈ и НУБ за егејските говори; ќе треба да се повлече „Историјата на македонскиот јазик“ на Блаже Конески, и сето тоа со помош на комисија… Каква иронија?!
На крајот, веројатно, ќе треба и да си ги спалам сите дипломи, статии, книги… по што конечно ќе се самоукинам како Македонка.
ПАТЕТИЧНА СУМ – ЗНАМ! АМА ЗНАМ ДЕКА И СЕКОЈА ЉУБОВ Е ПАТЕТИЧНА НА СВОЈ НАЧИН!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст