| четврток, 6 декември 2018 |

Астрологија на карма: Девицата е симбол на Античка Грција, Лавот на Римското Царство

Можеби веќе ви се случувало да стигнете некаде каде порано никогаш не сте биле а имате впечаток како тоа место да ви е познато од некаде или како веќе да сте биле
таму. Исто така, ако некој лесно ги учи странските јазици или повеќе од другите го привлекува или го одбива некој град или држава, сосема е можно веќе да живеел таму. Некои лица, преку сеќавањето на клиничката смрт или минатите животи, помнат различни историски периоди, крстоносните војни, француската револуција, добата на Отоманската империја.

Филозофијата на реинкарнацијата ја познавале, ја пректикувале и ја ценеле најстарите народи. Реинкарнацијата е учење според кое човекот мора да се роди и да умре онолку пати колку што му е потребно за да стане совршен, а детето го „избира“ семејството кое на најдобар начин може да му го обезбеди развојот.

Според хинду учењето, со сиромаштијата, љубовните проблеми, болестите во овој живот ги плаќаме грешките што сме ги направиле во минатите животи. Оваа древна религија од друга страна, не учи дека на лошата карма може да се влијае со силата на волјата, молитвите и предметите што штитат од лошите влијанија, талисмани и  амајлии. Затоа што реинкарнацијата не наведува на размислување и не поттикнува да бидеме подобри. Секако со услов да имаме доволно совест и сила да ги признаеме сопствените грешки.

И реченицата „Таква ми е кармата“ веќе многу пари сте ја слушнале прашувајќи се веројатно што значи тоа. Сите во себе носиме колективна карма која се поврзува со нацијата и со расата, индивидуална која зависи од минатите животи и онаа која секојдевно ја создаваме преку изборите што ги правиме во животот, активностите што ги преземаме и мислите што ги имаме.

Позицијата на планетите во астролошките куќи и нивните аспекти покажуваат во кои области од животот негативната карма не кочи, а во кои веќе се случил позитивен прсврт и што уште во овој живот можеме да направиме. Лошите планетрани аспекти укажуваат на грешките што сме ги направиле, а добрите на наградите што сме ги добиле за вложениот труд и среќата што сме ја доживеале во одредена област и во одреден период од животот. Затоа што нашите доблести и маани ги претставуваат нашите некогашни успеси па затоа добрите аспекти во хороскопот говорат за еволуцијата на нашиот дух, додека лошите укажуваат на грешките од минатото и искушенијата на кои не сме одолеале.

Во личниот хороскоп покрај сегашниот живот може да се види и каде сме патувале од живот во живот. Секој знак одговара на одредена историска епоха, империја, град, па така на пример Девицата ја симболизира Античка Грција, Лавот Римското Царство, додека голем број планети во Бик и Вага говорат за минатите животи во Египет во добата на фараоните.

За време на толкувањето на кармичкиот хороскоп и освртот на минатите животи пред се треба да се земе во предвид позицијата и аспектите на Месечината, симболот на емоциите и душата, потоа Јужниот месечев чвор или Опашката на змејот и дванаесеттото астролошко поле и планетите во него, со посебен акцент на самиот врв (оската) на тоа поле. Затоа што тоа поле (симбол на потсвеста и интуицијата) ја крие тајната за тоа дали  сме живееле некаде и каде во последниот живот, додека положбата на Сонцето може да ја наговести професијата со која нема да се занимаваме во овој живот. Кога три или повеќе планети ќе се најдат во огнените знаци (Овен, Лав, Стрелец) во нечиј хороскоп тоа обично говори за тоа дека таа личност во минатите животи ги „гушела“ другите, а понекогаш укажуваат и на личност која треба малку повеќе да работи врз себе си. Повеќе планети во земјените знаци (Бик, Девица, Јарец) покажуваат дека личноста во минатото собирала пари и имот на сметка на духовниот живот или дека живеела премногу опуштено и безгрижно па затоа во текот на овој живот треба да стекне материјални добра. Голем број планети во воздушните знаци (Близнаци, Вага, Водолија) говори за површни личности кои ја избегнуваат одговорноста или не се доволно флексибилни па допрва треба да ја стекнат духовната еластичност. Голем број планети во водените знаци (Рак, Шкорпија, Риби) укажува на личност која во минатата инкарнација била склона на потиснување на емоциите заради што е оптеретена и во овој живот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top