Алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, со свои аргументи, толкување на договорот, го повика грчкиот парламент да не го поддржи предлогот на Нова демократија за недоверба на владата, предлог за кој рече дека е политичко самоубиство за опозициската партија.
Јоргос Катругалос, одговарајќи на критиките од опозицијата рече дека во договорот не е споменат идентитетот, ниту пак националноста, туку само правната врска на граѓаните со државата.
– Во договорот нема никакво споменување на националност, ниту пак би можело да постои. Се споменува државјанство, отворете го вашите пасоши каде што пишува државјанство. Тоа е правната врска на граѓанинот со државата, не е националноста, со тоа не може да се занимава договорот, бидејќи е прашање кое е поврзано со свеста и самоопределувањето.
Катругалос во неговото обраќање за време на расправата во грчкиот парламент, објасни дека договорот, ќе го потпишат двајцата министри за надворешни работи, а ќе стапи во сила само откако ќе биде ратификуван во грчкиот парламент, јави дописничката на МИА од Атина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


