Големата ѕвезда на Бразил, Нејмар, изјави дека не се чувствува горд на фактот дека пред година Пари Сен Жермен плати за него 222 милиони евра и на тој начин стана најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот.
Според напаѓачот, тоа се само пари и тие не зборуваат ништо за неговите квалитети. Самиот Нејмар признава дека не би платил слична сума за себе.
– Не се чувствувам горд на тоа што за мене беше платена таква сума, ниту фактот дека сум најскапиот фудбалер во историјата. Ова се само пари, ништо повеќе. Лично јас би платил помалку за себе. Како играч, секогаш треба да покажуваш кој си и да се докажуваш. Нема да ти биде од корист, ако само се повикуваш на трансферната сума платена за тебе. Таа не зборува ништо за тоа што претставуваш, изјави Нејмар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст