| четврток, 6 декември 2018 |

Поддршката од Павлопулос најдобар доказ каков договор потпишавме со Грција

Поддршката на претседателoт на Грција Прокопис Павлопулос на Договорот Заев – Ципрас  е најдобриот доказ на која страна натежнува неговата содржина. Веднаш откако грчкиот и македонскиот премиер објавија дека Договорот за промена на Уставното име на Македонија е постигнат, Ципрас побрза кај својот претседател за лично да му ја соопшти добрата вест. Павлопулос, кој редовно, со години настапува од радикални и непопустливи позиции кон нашата земја, не го криеше задоволството од постигнатиот успех, анализира Алфа.

-Ова е добар договор кој што ги задоволува условите кои што ги бара Грција. Сега задача на ПЈР Македонија е да го оствари тоа на што е посветена и да напредува во процесите. Грција не би можела да потпише договор кој што е спротивен на нејзиниот Устав. Мора да се почитува историјата која досега беше злоупотребувана и добро е што е постигнат договор бидејќи тој го спречува узурпирањето на историјата и наследството на античка Македонија, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.
Од друга страна претседателот Иванов, кого поделеното македонско општество, иако од различни позиции сепак колективно го перцепира како непопустлив во одбраната на македонизмот, вчера објави дека во никој случај и под никакви закани и уцени нема намера да потпише Договор кој e штетен за македонските национални интереси.
И покрај тоа, најверојатниот потписник на Договорот со Грција, шефт на дипломатијата Никола Димитров порача дека договореното сепак ќе се спроведе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top