Дваесет и првото Светско фудбалско првенство ќе се отвори со дуелот меѓу домаќинот и репрезентацијата на Саудиска Арабија, мечот се игра на стадионот Лужњики во Москва, а стартот е во 17 часот. На Мундијалот настапуваат 32 селекции во текот следниве триесет дена ќе се одиграат 64 натпревари кои ќе се играат на 12 стадиони.
На еден ден пред стартот на првенството најголеми шанси за освојување на титулата букмејкерите им даваат на Германија и Бразил, следуваат Аргентина и Франција.
Наградниот фонд на првенството изнесува 400 милиони долари, секој од учесниците ќе инкасира почетни осум милиони, а освојувачот на титулата ќе добие бонус од 38 милиони додека финалистот ќе заработи десет милиони долари помалку. Финалниот натпревар како оној на отворањето ќе се игра на Лужњики, а решавачката битка за титулата е на 15 јули.
На легендарниот стадион „Лужњики“ во Москва најпрвин Икер Касиљас во друштво на рускиот модел Наталија Водионова ја претстави златната „Божица“ која ќе ја освои победникот на 21. Светско првенство.
The teams for #RUSKSA are in… 👀#WorldCup pic.twitter.com/rjPSQQWUQ5
— FIFA World Cup 🏆 (@FIFAWorldCup) June 14, 2018
Говор за добредојде на сите гости одржа и претседателот на Русија Владимир Путин а на отворањето пееше светската мега ѕвезда Роби Вилијамс во дует со сопранот Аида Гарифулина:
Репрезентациите од Јужна Америка ќе се обидат да ја прекинат доминацијата на националните тимови од Стариот континент кои триумфираат на последните три Мундијали, а јужно-американците ќе се обидат конечно по пауза од 60 години да ја слават титулата на европско тло. Последен пат репрезентација од овој дел на светот на шампионатите славел во 2002 кога Бразил беше шампион во Јапонија и Јужна Кореа, а Кариоките се единствена селекција која пред шест децении во Шведска триумфираше на Светски куп одржан во Европа.
Looking good, Robbie 👌#WorldCup pic.twitter.com/ZBd82tqXap
— FIFA World Cup 🏆 (@FIFAWorldCup) June 14, 2018
„Драги пријатели, ги поздравувам сите присутни на стадионот во Москва на стартот на Светското првенство. Ги поздравувам и сите оние кои не гледаат преку телевизија и интернет. И го честитам на нашата нација почетокот на најголемиот турнир на планетата.
Овој грандиозен настан првпат се одржува во Русија и среќни сме поради тоа. Фудбалот кај нас навистина се сака и тоа е љубов на прв поглед. Сторивме се за сите да може да уживаат и максимално да се посветат на натпреварите. Каде и да живееме на крајот сите не обединува љубовта кон фудбалот. Сите заедно сме членови на овој тим и се чуствуваме едни со дурги. Ништо не може да влијае на ова, ни јазикот, ни верата. На сите тимови им посакувам успех а на навивачите незаборавни моменти“, рече Путин.
Красотища 😍 #ЧМ2018 pic.twitter.com/bLTeCfUBov
— Eurosport.ru (@Eurosport_RU) June 14, 2018
Космонаутите на меѓународната вселенска станица Роскомос ги поздравија навивачите во светот:
Космос поздравляет Россию с началом ЧМ-2018#FIFA2018 #ЧМ2018 pic.twitter.com/G5CPCbg4gy
— РОСКОСМОС (@roscosmos) June 14, 2018
Претпладнево Саудискиот принц Мухамед ибн Салман слета во Москва да ја бодри својата репрезентација
Сумоист из Африки, который прикидывается русским! #ЧМ2018 pic.twitter.com/7QDXBRGSP0
— Dmitriy Zelenov (@ZelenovZ) June 14, 2018
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст