Навивачите на Нигерија побарале дозвола на стадионот во Калининград, каде што игра нивната репрезентација против Хрватска, да внесат кокошки, но локалните власти им забраниле.
-Во нашиот информативен центар пристигнуваат секакви барања. Така, навивачите на Нигерија замолија на стадионот да внесат кокошки,. Тоа е нивни симбол кој вообичаено го користат на сите атпревари, но им одговоривме дека не доаѓа предвид, вели министерот за култура и туризам на Калининградската област, Адреј Јермак.
Сепак, вели Јермак, ги упатиле Нигеријците каде можат да купат кокошки ако сакаат да ги бодрат своите фудбалери на некое друго место во друштво со кокошките.
-Подготвени сме да им ги исполниме и најексцентричните желби на навивачите, рекол тој, пренесува Хина.
Според него, во Калининградската област се очекува да пристигнат 130.000 – 150.000 навивачи.
Во Калининград ќе се играат 4 натпревари: Нигерија – Хрватска, Србија – Швајцарија, Шпанија – Марко и Англија – Белгија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст