Во мостарската населба Потоци утринава тримесечно бебе се удави во бунар, а мајката на детето 31 годишната С.Г. е спасена, потврди дежурниот обвинител на Херцеговско- неретванскиот кантон, Мирјана Ѓериќ, пренесуваат медиумите во Босна и Херцеговина.
-Утрово околу 7 часот домашните забележале дека раце се појавуваат од бунар кој е полн со вода. Мајката ја извлекле од водата, а тримесечното бебе се удавило, изјавила Ѓериќ.
Таа додала дека ќе следи истрага за целиот случај и обдукција на телото на бебето. Според нејзините зборови, мајката е сместена на одделение во психијатриската болница во Мостар.
-Има сомнежи дека мајката го фрлила детето во бунарот, а дека потоа и таа скокнала. Станува збор за жена со иницијали Г.С. родена во 1987 година, изјави дежурниот обвинител.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст