Москва и Вашинготн разгледуваат можности за состанок меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, изјавил посебен советник на американскиот претседател и директор за Европа и Русија при американскиот Национален совет за безбедност, Ричард Хукер.
– Ништо не е одлучено, ниту се разработени деталите, но верувам дека двете страни разгледуваат можност за обид да се направи такво нешто – рекол Хукер.
Според неговите зборови Белата куќа ја разгледува Австрија како место за можна средба.
– Сигурен сум дека се разгледува таа опција, но ништо не е одлучено – рекол тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.