| четврток, 6 декември 2018 |

Пасквал си поднесе оставка по поразот од Македонија

Романија остана без пласман на Светското првенство, но и без селектор, славниот шпански стратег, Чави Пасквал се повлече од функцијата по поразот од Македонија.

Романија се надеваше на пласман на Мундијалот и покрај тоа што Македонија важеше за голем фаворит во оваа пресметка. Но, и покрај тоа шпанскиот стратег си даде оставка откако не успеа да ја исполни желбата на Романците.
„Нема да можам повеќе да имам обврски и во репрезентација и во клуб. Им благодарам на играчите и на сите вклучено во репрезентацијата. Можеби не ги остваривме резултатите кои ги очекувавме, но оваа земја е горда на своите ракометари. Благодарност до сите Романци, направивте да се чувствувам горд како Романец. Тешко ми е, но се повлекувам, а луѓето од федерацијата знаат дека секогаш можат да сметаат на моја помош“, изјави Пасквал по натпреварот.
Во наредната сезона тој ќе биде тренер само на Барселона, не се очекува да предводи друга репрезентација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top