Mакедонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на Светското првенство, што во јануари 2019 година ќе се одржува во Германија и Данска.
Иако во реванш натпревар од баражот Македонија на гостувањето во Клуж загуби од Романија со 26:25, сепак благодарение на убедливата победа на првиот дуел во Скопје на кој славеше со 32:24 обезбеди шесто учество на Мундијалите.
Селекторот Раул Гонзалес смета дека целта е остварена и Македонија заслужено се пласираше.
– Можеби изгледа дека беше лесно, но ние имавме контрола во целиот тек на натпреварот, дури и во ситуациите кога имавме и негатива. Имавме шанса и за победа на крај. Натпреварот беше тежок, имавме притисок, направивме грешки во играта, но играчите дадоа се од себе. Заслужено одиме на Мундијалот, затоа што бевме подобри. Романците мораа да ризикуваат со седум на шест, но Борко бранеше добро и нашата одбрана беше одлична, истакна Гонзалес.
Мундијалот ќе се одржи следната година во Германија и Данска од деветти до 27 јануари, а Македонија противниците ќе ги дознае на жрепката на 25 јуни во Копенхаген.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст