| четврток, 6 декември 2018 |

Продал пушка за 100 евра-заработил кривична пријава

lovna puska

Продавач и купувач на ловечка пушка од Битолско, која продавачот ја наследил од неговиот дедо, но не ја регистрирал заработија кривични пријави.

Според битолската полиција Б.А.(40) од Битола и В.Ј.(33) од село Кишава добиле пријави за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Во текот на декември 2012 година,  Б.А. за  100 евра му продал на В.Ј. ловна пушка, сопственост на неговиот покоен дедо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top