| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски манифест: Отворено писмо до премиерот Зоран Заев

Најголем злосторник во историјата на македонскиот народ

Премиере, Македонскиот манифест ви соопштува дека со договорот со Ципрас да не преименувате во Северна Македонија се промовирате во најголем злосторник што воопшто го познава историјата на македонскиот народ, која, ако не ви е јасно, има неколкумилениумски континуитет. Зошти сте тоа, не прашувајте. Затоа што со преименувањето на кое немате никакво право вие сте идентитетски убиец на Македонија и Македонците. Со тоа вие вршите геноцид врз сопствениот народ, затоа што со преименувањето ја укинувате целокупната негова историја и културно-цивилизациска меморија и правите од него живи мртовци. Ветувавте на изборите живот за сите, а Македонија и Македонците под ваше слепо водство добиваат идентитетска смрт, најстрашната од сите видови на смрт. Онаа од која, како што ја замислиле неа бриселските ‘’мајстори на смртта’’(П. Целен) нема повеќе кревање. И тие ве најдоа и избраа токму вас и вашата квислиншка влада да ја кренете рачката и пуштите вентилот со отровен гас на Македонците , кои Брисел, возобновувајќи го кон нас вампиризмот на Третиот фашистички Рајх, ги напика Македонците за ликвидација во својата ‘’демократска’’политичка комора. Нивните нови Евреи.

Премиере, вие немате поим кој е овој народ, која е неговата генеза и што значи тој од цивилизациски, историски и културолошки аспект. Како само можете да сте толку неук, без срце и без душа, спремен да извршите такво незапамтено злосторство над Македонија и Македонците, кои веќе ве презираат како отпадник од родот, прашувајќи се како можело да се роди едно такво политичко чудовиште меѓу нив, еден таков суров бездушник и трговец со нивниот идентитет и душа. Како? Премиере, бидете свесни, иако според она што го правите немате ни свест ни совест, дека за злосторството што го правите над него овој народ ќе ви суди и ќе ви пресуди. А вашето злосторство, и на вашата квислиншка влада, ако не знаете, е истовремено не само злосторство против Македонците, туку и против човештвото. Бидејќи секој геноцид, и идентитетскиот, е всушност тоа. Можеби не е доцна да се преиспитате и навреме, во последен час да се повлечете од овој срамен и брутален чин во кој настапувате пред очите на целиот македонски народ, тука и распрснат по контитнентите од геноцидите на Европа.

Ако го сторите тоа Македонците ќе ви простат, бидејќи тој талент го имаат во изобилство. Ако не тие не сега, туку со столетија ќе ве проколнуваат и презираат, затоа што Македонците се како птицата Феникс и кога-тогаш пак ќе се сетат на својот оган и ќе се кренат од пепелта во која таквите како вас ги туркаат. Ако имате потреба од психијатар одете кај него, освестете се, излезете надвор од своето политичко лудило со кое го разболевте народот, го трауматизиравте и дотеравте до самиот раб на очајот, туркајќи го во темната бездна на идентитетска смрт. За што? За кого? За Европа, која не парчосувала и ништела безброј пати и која и сега бескрајно не навредува и понижува? Или за НАТО, најкриминалната военополитичка организација, која е создадена да ги краде материјалните и духовните ресурси на малите и сиромашните народи и да ги брани банките и корпорациите на богатите што го пустошат светот? А?

Што мислите, дека сте силен лидер, како што ви викаат вашите спонзори за идентитетска ликвидација на Македонците од некои соседи и од западните ‘’мајстори на смртта’’? А зад грб ви се смеат, смеејќи им се одвратно и на понижените до бескрај од вас Македонци. Што мислите вие со ова злосторство што го правите: дали сте се родиле за среќа или за несреќа на овој и така не баш многу среќен, столчен народ? Седнете, размислете, употребете ги и мозокот и срцето и душата доколку ги имате. За ваше добро. А со тоа и за доброто на овој до бескрај настрадан народ, на кого вие сега безгранично му ги зголемувате страдањата. Ќе ви биде простено за замисленото предавство и злосторство. Ќе бидете можеби дури и прогласени за херој. Добро размислете.

Македонски манифест

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top