Станува збор за политичка победа бидејќи се решава прашање што ја измачуваше земјата, но и Балканот над 30 години, вели портпаролот на владата на Грција и министер без ресор Димитрис Ѕанакопоулос во интервју за грчката телевизија ЕРТ и додава дека тие како влада се задоволни и горди за она што го постигнале.
– Убеден сум дека со текот на времето и оние кои не се согласуваат или изразуваат спротивставеност, ќе сфатат дека станува збор за неопходен политички и дипломатски компромис, кој и покрај тоа што е компромис, целосно ги заштитува и ги гарантира интересите на нашата земја, рече Ѕанакопулос и додаде дека вчера беше направен многу важен чекор за стабилизација на поширокиот регион на Балканот.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос во интервјуто се осврна на придобивките за Грција од постигнатиот договор, во однос на ерга омнес името, уставната ревизија и отстранувањето на иредентизмот.
Во однос на обвинувањата од опозициската Нова демократија, Ѕанакопулос рече дека Мицотакис можеше да одбере критика поврзана со суштината на договорот.
– Премиерот и министерот за надворешни работи имаат ex officio надлежности за да потпишат меѓународни договори. Ако Мицотакис се сомнева во тоа дали владата има доверба од парламентот, не му преостанува ништо друго освен да достави предлог за гласање на недоверба на владата. Зошто не го стори тоа?, рече Ѕанакопулос во однос на критиките од лидерот на Нова демократија дека владата нема „правен легитимитет за да го потпише договорот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст