| четврток, 6 декември 2018 |

Фернандо Иеро ќе ја води Шпанија на Мундијалот во Русија

Фудбалскиот сојуз на Шпанија денеска му врачи отказ на селекторот Хулен Лопетеги, откако беше објавено дека по завршувањето на Светското првенство тој ќе го наследи Зинедин Зидан на клупата на Реал М.

– Бевме приморани да повлечеме ваков потег. Моравме да ја прекинеме соработката со Лопетеги. Тој беше одличен селектор, но ние не можеме да дозволиме вакво однесување. Се што е направено е направено без наше знаење. Не чувствувам дека су предаден, но вака мора да биде, изјавил првиот човек на Фудбалскиот сојуз на Шпанија, Луис Рубиалес.

Неколку часа подоцна Сојузот објави дека Шпанија на Светското првенство во Русија ќе ја предводи поранешната играчка легенда на Реал, Фернандо Иеро. Долгогодишниот репрезентативец беше спортски директор на репрезентацијата. Иеро речиси и да нема тренерско искуство, тој една сезона (2016-2017) беше тренер на Реал Овиедо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top