| четврток, 6 декември 2018 |

Што носи Силвија?

Атмосферата над нашата држава е премногу загреана поради африканскиот бран кој се наоѓа над нас, јавува Славчо Попоски.

Од север ќе се спушта посвежа воздушна маса па така ќе дојде до судирна две воздушни маси (топла и студена) со што ќе дојде до развивање на олујни системи.

Истите со себе ќе условуваат на повеќе места во текот на попладнево и вечерва поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат интензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог кое може да услови локални поројни поплави, засилен ветер, силни електрични празнења и појава на град.

Слична временска ситуација ќе имаме и во текот на следните денови што значи Силвија останува и ќе условува чести врнежи и грмежи како и локална појава на невреме.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top