За денеска од 17.30 часот е закажан реванш натпреварот од квалификациите за светското првенство во Клуж кој македонската ракометна репрезентација треба да го одигра со Романија. По првиот меч (24-32), нашите ракометари имаат предност од 8 гола.
На техничкиот состанок пред натпреварот меѓу Романија и Македонија главна тема беше жештината и климатизација во салата „Хорие Демјан“ во Клуж. Делегатот со ултиматум им се обратил на Романците дека ако температурата во салата надмине 28 степени, натпреварот ќе биде прекинат.
Вчера нашите ракометари тренираа по пеколна горештина, а денес временските услови се нешто поповолни од вчера. Се очекува салата да биде исполнета, но не постои претерано голем интерес за натпреварот во Клуж.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст