| четврток, 6 декември 2018 |

Свилановиќ им поача на ЕУ и НАТО да се огледаат на Заев и Ципрас

Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ изрази надеж дека ЕУ и НАТО ќе бидат подеднакво решителни како што беа премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас.

– Овој историски договор дава нов ветар во грб не само на меѓусебната соработка туку и на натамошниот економски развој и процесот на европската интеграција на регионот. Искрено се надевам дека овој храбар чин на лидерство ќе биде дочекан со иста доза на решителност од страна на нивните партнери во Европската унија и НАТО, изјави Свилановиќ.

Честитајќи им на Заев и на Ципрас, Свилановиќ оцени дека „договорот претставува вистинско охрабрување за целиот регион на Југоисточна Европа, а посебно за Западен Балкан, бидејќи покажува дека и најтешките прашања може да се решат ако за тоа постои решителност и визија за подобра иднина“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top