| четврток, 6 декември 2018 |

Уставен суд: Јавните службеници немаат право на штрајк

Уставниот суд на Германија пресуди дека забраната за штрајк на јавните службеници е во согласност со германскиот Устав и Европската конвенција за човекови права. Тие ја отфрлија жалбата на наставници казнети поради прекин на работата.

Околу 1,85 милиони јавни службеници во Германија немаат право на штрајк. Од 800.000 наставници во Германија, околу 75 отсто од нив имаат статус на јавен службеник.

Уставниот суд во пресудата наведува дека со давање право на штрајк на државни службеници, во одделни професии може да се покрене верижна реакција што би отворила многу прашања во врска со нивниот статус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top