| четврток, 6 декември 2018 |

Микис Теодоракис: По големото „Да“ на Ципрас, голем срам ќе нѐ жигоса засекогаш!

– Акт на историски пораз и национална инфериорност“ е договорот за име Република Северна Македонија, изјави познатиот грчки композитор Микис Теодоракис само неколку минути по изјавата на Алексис Ципрас дека е постигнат договор за името.

– Нашата земја беше вовлечена во чин на историски пораз и национална инфериорност со непредвидливи последици на сметка на нашата земја и на нашиот народ. Во исто време, волјата на огромното мнозинство од грчкиот народ е прегазена.

По оваа големо „ДА“ од Ципрас, она што најмногу боли, не се само опасностите што лежат пред нас, туку пред сè големиот срам што ќе нѐ стигматизира засекогаш“ изјави Теодоракис, кој е еден од најголемитепротивници во новото име да не биде содржан терминот „Македонија“ – рече Теодоракис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top