ВМРО-ДПМНЕ го оцени како „тежок ден за Република Македонија“, денешното известување дека владите во Скопје и во Атина договориле новото име на нашата држава да биде Република Северна Македонија.
– Кај граѓаните има чувство на потиштеност и горчина. Заев тераше егзебистионистички договори и во тајност, ВМРО-ДПМНЕ како најголема партија во Македонија не бепше вклучена, а сега е веќе јасно зошто. Единствено што се случи денеска е телефонски разговор и тоа откако Заев ги прифатил сите грчки позиции. Тој најпрво зборуваше за непромена на Уставот, па за географска одредница, па за утврдувањет на идентитетот со прифаќање на предлогот: ‘Република Илинденска Македонија’. Ова е премногу сериозен договор, бараме веднаш да ни биде доставен – изјави претседателот Христијан Мицкоски.
Тој рече дека неговата партија останува за ЕУ и за НАТО, но ќе биде против промена на Уставот, па макар и со амандманска измена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.