| четврток, 6 декември 2018 |

Заложничка драма во Париз

Француската полиција соопшти дека еден маж држи две лица како заложници во канцеларија во центарот на Париз.

Меѓутоа, францускиот весник „Парисиен“ пишува дека мажот држи три лица како заложници и дека меѓу нив е и трудница.

За сега нема информации дали се работи за терористички чин.

Полицијата се уште не може да потврди дали мажот е вооружен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top