| четврток, 6 декември 2018 |

Од почетокот на годината 1.402 македонски граѓани добиле бугарско државјанство

Од почетокот на годината досега 2.098 лица добиле бугарско државјанство по потекло, изјави бугарската заменик-претседателка
Илијана Јотова.

Прецизира дека најголемиот број од нив, 1.402 лица се од Македонија. Во 2017 година вкупно 1.436 лица се стекнале со бугарско државјанство. Таа појасни дека најмногу лица се стекнале со бугарско државјанство врз основа на документи за бугарско потекло, а бројката по други основи, на пример со натуралиузација, се многу помали.

Истакна дека не станува збор за построги правила по другите основи, туку дека нема начин како да се примат како веродостјни
барањата на кандидатите за бугарско државјанство, кои немаат никаков документ за потекло.

Јотова нагласи дека случаи на трговија со државјанство нема.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top