| четврток, 6 декември 2018 |

Трајановски прскаше против комарци од април, на Шилегов во јуни едвај му текна зошто воопшто не е прскано

Град Скопје доцни со прскање против комарци оти испитувале дали средството кое се користи е штетно, велат од Кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов.

Прскањето против комарци Град Скопје го почнува кон почетокот на јуни, но годинава тоа ќе се одвива кон крајот на месецов оти уште не е завршен тендерот.

„Јавната набавка за прскањето против комарците е почната на 19 февруари, и во овој момент е во завршна фаза, се очекува да помине рокот за жалби и да се склучи договор со субјектите кои треба да го извршат во согласност со програмата, усвоена од Советот на Град Скопје. Поради сомнение дека препаратите со кои се прска се штетни по здравјето на граѓаните, побаравме мислење од соодветна здравствена институција околу средството кое треба да се употреби при прскањето. Во моментов во тек се административните постапки по што ќе се почне со аеросолното и терестичното прскање“, велат од кабинетот на градоначалникот Шилегов.

Неговиот претходник во изјава за Република демантира дека во Скопје досега се прскало трипати во текот на годината.

-Не е точно дека прскањето се спроведувало три пати во текот на годината. Напротив, Град Скопје вршел прскање 7 пати, пет пати против комарци од земја и авионски и двпати против ларви, исто така авионски и од земја. Прскањето почнувало во април или во почетокот на мај, во зависност од временските услови. Единствено се доцнеше лани, па првото прскање беше изведено на 4 јуни, поради административни работи, односно поради раскинување договор со службата која прскаше, вели Коце Трајановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top