| четврток, 6 декември 2018 |

Средба Павлопулос – Мицотакис во текот на денот!

Лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, бара итна средба со претседателот на државата, Прокопис Павлопулос, соопштуваат од партијата.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис и Павлопулос во 10 часот утрово разговарале телефонски, а средбата ќе биде во текот на денешниот ден.

Според информациите во Грција, последните случувања во македонско- грчките односи, телефонскиот разговор меѓу Заев и Ципрас и договорот што веројатно ќе се постигне се главните причини што првиот човек на Нова демократија бара средба со претседателот на земјата.

Како што претходно јави МИА, Јоргос Кумуцакос, одговорниот за надворешна политика во најголемата грчка опозициска партија, во гостувањето во емисија на државната телевизија ЕРТ рече дека Нова демократија бара расправа во парламентот пред да се потпише договорот, а токму ова барање ќе му го пренесе Мицотакис на Ципрас доколку грчкиот премиер му се јави на лидерот на партијата за да го извести за евентуалниот договор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top