Автомобил излета од патот кај Куманово, повредени две лица. Според информациите на полицијата вчера во 15.50 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе патничко моторно возило „Голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово излетало од патот. Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле Ф.С. и неговата петгодишна ќерка. Поради сериозноста на повредите, по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Штип, се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза”.
Извршен е увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.