| четврток, 6 декември 2018 |

Штом не го сакаат во Скопје, Аца Лукас ќе си пее во Охрид

aca lukas

„Кралот на турбофолкот“, поранешниот рокер Аца Лукас, и официјално го потврди четиричасовниот концерт на охридска „Маракана“ (Билјанини извори) на 2 август, со почеток во 21 часот.

Влезниците од денес се во претпродажба по промотивна цена од 250 денари, а по 15 јули цената на билетите ќе изнесува 300 денари. За овој концерт се предвидени 500 билети за зоната на најверни обожаватели и 1000 билети за трибина по цена од 500 денари, како и 500 ВИП влезници по цена од 1000 денари, на следниве места: Југотон, Камарад во Рамстор, Цвеќара РОЗЕ Веро 2, Мк Тикетс и продажните салони на ОНЕ низ Македонија.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top