| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Скопје, двајца во болница, блокиран сообраќајот: Истече голема количина плин на бензинска

Десетина минути пред полноќ од страна на случаен минувач пријавено е дека на бензинска пумпа на улица „Индира Ганди“ во Скопје имало големо истекување на плин. Од извршениот разговор со вработените на бензинската пумпа, констатирано е дека додека полнеле кујнска плинска боца виделе дека пукнал сигурносниот вентил кај резервоарот за плин и од него почнало да истекува плин.

Вработените Г.А.(27) и Ф.Н.(28) кои се обиделе да го затворат вентилот од резервоарот вдишале гас и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување лекарска помош.

Од страна на Противпожарна единица и одговорно лице од Институт за одржување на бензински пумпи затворен е главниот сигурносен вентил. Сообраќајот на улица „Индира Ганди“ бил блокиран во двата правци од 00,10 до 04,30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top