Со изложба на 101 фотографија од 43 автори, во Тетово се отворени 56. Денови на македонската фотографија. Изложбата е поставена во националната установа „Галерија“ во стариот турски амам, а ќе може да се види до четврток. Со ова, по 23 години Тетово повторно е домаќин на наголемата државна изложба на фотографии.
Според претседателот на Фото сојузот на Македонија Боро Рудиќ, 56. издание на Деновите на македонската фотографија е доказ дека оваа манифестација е меѓу најдолготрајните континуирани, без ниту еден прекин манифестации во земјава.
Тој смета дека во услови кога дигитализацијата масовно го зголеми бројот на фотографи и овозможи тие секојдневно да се снимаат, вакви изложби претставуваат мали бисери.
– Со печатењето, авторот го затвора својот авторски чин. Со изборот на хартија, текстура, формат, тоналитет, колорит тој го претставува тоа што го гледа или го има видено во текот на снимањето на фотографијата. Гледачот може да застане прет отпечатеното и да го гледа половина час, да дојде утре и пак да ужива во чувството што му го создава отпечатената фотографија. Тоа е разликата меѓу ова што го гледаме тука, во оваа галерија, и фотографијата што ја гледаме на нашите компјутерски екрани каде со еден клик преминуваме на друга фотографија или некоја информација што ќе ја уочиме во тој момент заборавајќи ја фотографијата во дел од секунда, рече Рудиќ.
Покрај Фото сојузот на Македонија, коорганизатор на Деновите на македонската фотографија е и Фото групата „Чкрап“ од Тетово. Нејзиниот член Зоран Андонов беше дел од тричленото жири за избор на фотографиите од изложбата.
– Жирирањето секогаш се сведува на субјектиниот поглед кон естетиката на фотографијата. Јас, Раде Луковиќ и Филип Филиповиќ моравме да прегледаме и оцениме над 300 фотографии од 64 автори кои пристигнаа за годинашниве Денови на македонската фотографија и да го одбереме тоа што според наше мислење е најдоброто за оваа манифестација. За некои фотографии долго дискутиравме, разменувавме аргументи за и против но за некои добри фотографии сите тројца бевме едногласни. Особено за оние што ги добија наградите. Како жири бевме исклучително задоволни што годинава пристигнаа и многу извонредни фотографии особено од млади автори кои допрва ќе се афирмираат на полето на фотографијата во Македонија, изјави Андонов.
Наградените фотографии беа поделени во три категории при што кај поединечната фотографија во сениорска конкуренција првата награда ја доби Драги Неделчевски од „Чкрап“, во истата категорија во младинска конкуренција првонаграден е Стефан Ѓоргиевски од Фото кино клубот Битола, а во категоријата колекција фотографии, првата награда ја доби самостојниот автор Дејан Колевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст