| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел за Трамп: Депресивно е повлекувањето од соопштението на Г7 преку твит

Европа ќе спроведе контрамерки против американските тарифи за увоз на челик и алуминиум, порача германската канцеларка Ангела Меркел.

Таа изгрази жалење поради изненадната одлука на претседателот на САД, Доналд Трамп да не го поддржи соопштението на Г7.

-Повлекувањето, така да се изразам, преку твит по малку е депресивно, изјави Меркел во интервју за ТВ АРД по самитот Г7 во Канада.

Како и Канада, Европската Унија подготвува контрамерки против американските тафири на увоз на челик и алуминиум, рече Мекел, пренесува Ројтерс.

САД воведе тарифи на увоз на челик и алуминиум од Европа, Канада и Мексико.

Трамп, по предвременото напуштање на самитот кој се одржа во Квебек, поради летото кон Сингапур, на Твитер изнесе обвиненија на сметка на домаќинот на самитот, премиерот на Канада Џастин Трудо, за кои Ап наведува дека се „напад без преседан на некој лидер на земја која е сосед или сојузник на САД“.

Агенцијата пишува дека тоа се случило за време на ноќта, баш кога делувало дека на завршницата на самитот ќе дојде до намалување на тензиите настанати поради заганите од Трамп за трговска војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top