| четврток, 6 декември 2018 |

Во Шпанија уапсени 24 лица поради порнографски фотографии од деца

Шпанската полиција соопшти дека уапсила 24 лица кои ширеле поргнографски фотографии од деца преку интернет.

Меѓу уапсените се државјани на Велика Британија, Гана, Пакистан и Еквадор.

Полицијата најде илјадници слики од сексуално злоставување на деца кај еден Британец кога тој беше уапсен.

Идентификувани се уште осум луше, за кои се верува дека се поврзани со тој синџир на порнографија, преку кој се делат фотографии преку Фејсбук и Скајп.

Апсењата се спроведени ширум Шпанија од Мадрид до Барселона и на Канарските и Балеарските острови.

Меѓу уапсените е и еден евангелистички свештеник и поранешен член на градска банда кој работел во една училишна кантина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top