Косово е во тага за смртта на Фадил Вокри. Претседателот на најмладата членка на УЕФА и на ФИФА почина вчераутро како последица на срцев удар, погребот е закажан за попладнево во Приштина од 17 часот. Во знак на почит за неговиот лик и дело, косовските власти го прогласија денешниот ден за ден на жалост.
Вокри важеше за еден од најдобрите фудбалери на поранешна Југославија за чија репрезентација одигра 12 меча во кои постигна шест гола. Неизбришлива трага остави во дресот на Партизан што го носеше од 1986 година до 1989 година. За белградските „црно-бели“ забележа 55 настапи што ги зачини со 18 погодоци. Претходно играше за Приштина, а потоа за Фенербахче во Турција, за Ним, за Бурж и за Монлусо во Франција каде ја заврши кариерата.
-Со своите човечки квалитети остави длабока трага во Партизан. Фадиле, ти благодариме за се што стори за нас и нашиот клуб. Вечна ти слава и почивај во мир- стои во пораката на Партизан по повод смртта на Вокри.
Со својата борбеност и пожртвуваност прерасна во идол на навивачите на белграѓани и безрезервно ги освои нивните симпатии. Од српскиот вицешампион најавија присуство на погребот на Вокри.
Вокри не беше почитуван само на фудбалските терени во поранешната држава. Нему му припадна честа да биде и знаменосец на СФРЈ на Зимските олимписки игри во Сараево со 1984 година, во 1987 година беше прогласен за најдобар фудбалер на екс Југославија, а на чело на Фудбалскиот сојуз на Косово беше од 2008 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст