Претседателот на Владата Зоран Заев во годината која ја помина на чело на Владата, но и во годините минати во опозиција се покажа како политичка ветрушка која нема цврсти ставови за крупните политички и државни прашања. Најкрупното од нив е секако прашањето за отворање на Уставот.
Час го отвора час не го отвора, но едно е сигурно – Заев ја излажа јавноста дека црвените линии на соседната земја не ги прифатил како наши црвени линии, со што ја понижил и ничкосал Република Македонија.
Пред само месец и половина Заев изјави дека Македонија секако ќе треба да го отвори Уставот пред влегување во ЕУ, како и секоја земја-членка, но она што досега не го направила ниту една земја-членка, а Заев не го потенцира е да го отвори Уставот за да ѝ угоди на соседна земја.
–Македонија секако треба да го отвори Уставот пред влегување во ЕУ, како и секоја земја-членка, која пред влегувањето во ЕУ го прави тоа и дел од својот суверенитет го предава на Унијата. Ако се работи за дополнителни гаранции или нешто што е важно за граѓаните на Грција, кои се страна, тогаш би можело и за тоа да се разгледува како можност. Јас сум човек кој ги бара сите можни креативни начини на изнаоѓање на решение, знаејќи дека може да се постигне решение ако институциите во Грција гласаат и институциите во Република Македонија гласаат за тоа решение.
Само дваесет дена подоцна, на 19 мај, Заев рече дека не гледа потреба за промена на Уставот одговорајќи на новинарско прашање дали во процесот на решавање на прашањето за името се разговара и за евенуални уставни измени по завршување на лидерската средба. Тој постајно повторуваше дека Уставот нема да се менува.
– Барањето за промената на Уставот во разговорите за името се грчки став, но ние имаме наш. Македонија го промени својот Устав во 1993 година да го допрецизира членот 49 вградувајќи го амандманот 2. Ние направивме голем чекор за да го отстраниме иредентизмот – рече Заев.
Тој повтори дека решението за името мора да го гарантира идентитетот и достоинството на двете страни и тука нема дилеми.
– Вчера реков став на Владата, односно за Владата прифатливо е име со географска одредница. Тоа го темелам на основа на моите очекувања во внатрешната дебата која што ја имаме во Македонија, на чекорите што ги правиме, на она што значи можности и до каде може да се движиме, на спроведливоста на можните решенија и слично. Остануваме на ставот дека достоинството и идентитетот се важни работи. Јас сум убеден дека Македонија може со консензус по ова прашање во интерес на иднината на перспективите за НАТО и ЕУ интеграцијата да изнајде решение – рече Заев.
Денес, три недели подоцна од грчките весници дознаваме дека во Скопје се одржува затворена владина седница посветена за прашањето за името. Според нив зад затворени врати во текот на вчерашниот ден се разговарало за ќорсокакот во кој западнаа преговорите за името во спорот со Грција. Според добро упатени дипломатски извори премиерот Зоран Заев се обидол да ги заобиколи министерот за надворешни работи Никола Димитров и претседателот Ѓорге Иванов кои, очигледно имаат понаков став за ова прашање од Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст