| четврток, 6 декември 2018 |

Пазарот на Заев за промена на Уставот и името – шлаканица за земјите за кои сме Република Македонија

Промената на Уставот на државата која ја договорил Зоран Заев е шлаканица за сите земји кои нѐ признале под уставно име. Меѓу земјите кои ја признале Македонија под уставното име се и Кина, Русија, Обединето Кралство, САД, Босна и Херцеговина,  Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија, Австрија и уште стотина други.

Предлозите името Република Македонија, или евентуално име со географска одредница, да се изговара како во македонскиот јазик и да се пишува само со латинско писмо, односно името на јазикот, македонски исто така да се пишува со латинско писмо и да се изговара како што тоа се прави во нашата земја, се апсурдни и неодржливи. Тие суштински гледано навлегуаат во идентетските прашања и според тоа за нас се комплетно неприфатливи. Во ОН и нејзините органи и институции како работни јазици се користат само оние што како такви се изречно утврдени. Оттука Македонија во овој поглед би била исклучок, преседан и тоа би претставувало прекршување на нормите во Повелбата на ООН – изјави Таки Фити, претседател на МАНУ во една прилика.

За позицијата на Република Грција едно име за сите употреби (erga omnes) не треба да се разговара бидејќи, како што рече, тоа не е предвидено ниту со Резолуцијата 837, ниту со Законот за ратификација на Привремената спогодба.

– Прифаќањето на еrga omnes (едно име за севкупна употреба значи едно име и за меѓународна и за внатрешна употреба) би значело промена на Уставот на Република Македонија, промена на имињата на нашите институции, ревизија на сите меѓународни договори во кои се користи уставното име на земјата. Според тоа, ваквото решение е фактички невозможно и неостварливо – нагласи Фити.

Ви ја претставуваме целата листа на земји кои ја признале Македонија под уставно име и како ПЈРМ.

Кој не има признаено како Република Македонија

Кина

Русија

Обединето Кралство

САД

Сите од земјите на поранешна Југославија:

Босна и Херцеговина

Хрватска

Црна Гора

Србија

Словенија

Други земји:

Австрија

Азербејџан

Албанија

Алжир

Андора

Аргентина

Бангладеш

Бахреин

Белорусија

Боливија

Боцвана

Бразил

Брунеи

Бугарија

Бурунди

Венецуела

Виетнам

Гватемала

Гвинеја

Ел Салвадор

Естонија

Замбија

Зимбабве

Израел

Индија

Индонезија

Ирак

Иран

Ирска

Источен Тимор

Италија

Јамајка

Јапонија

Казахстан

Камбоџа

Канада

Катар

Конго

Кореја

Косово

Костарика

Куба

Кувајт

Лаос

Литванија

Лихтенштајн

Луксембург

Маврициус

Малезија

Мароко

Малта

Мексико

Мјанмар

Мозамбик

Молдавија

Намибија

Непал

Нигерија

Никарагва

Нов Зеланд

Норвешка

Обединети Арапски Емирати

Оман

Пакистан

Парагвај

Перу

Полска

Романија

Руанда

Саудиска Арабија

Свазиленд

Сингапур

Сирија

Словачка

Судан

Суринам

Тајланд

Танзанија

Таџикистан

Тивалу

Туркменистан

Турција

Уганда

Украина

Унгарија

Уругвај

Филипини

Финска

Фиџи

Хаити

Хондурас

Чад

Чешка Република

Чиле

Џибути

Швајцарија

Шведска

Шри Ланка

Земји кои ја признаваат Македонија како Поранешна Југословенска Република Македонија:

Австралија

Белгија

Ватикан

Германија

Грција

Данска

Египет

Франција

Холандија

Шпанија

Земји со кои не е дефинирано прашањето:

Тајван

Земји со кои Македонија се уште нема никакви дипломатски односи:

Бахами

Барбадос

Бутан

Кипар

Грузија

Гренада

Кирибати

Либан

Либерија

Мали

Монако

Палау

Палестина

Папуа Нова Гвинеја

Сан Марино

Соломонови Острови

Јужноафриканска Република

Република Кореја

Тонга

Тринидад и Тобаго

Тунис

Ерменија

Ангола

Филипини

Јужен Судан

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top