| четврток, 6 декември 2018 |

Родман :Одам во Сингапур да им помогнам на моите пријатели Трамп и Ким

Поранешната НБА ѕвезда Денис Родман објави на Твитер дека заминува во Сингапур за да улествува на историскиот самит.

Екстравагантниот Родман , кој на неколку пати престојуваше во Северна Кореја најави дека заминува на средбата меѓу Доналд Трамп и Ким Џонг ун во Сингапур.

,, Благодарејќи на своите спонзори , ќе заминам во Сингапур на тој историски самит. Подготвен сум да им ја дадам целата помош на моите пријатели Доналд Трамп и маршалот Ким Џонг Ун.” ,напиша Родман на твитер и објави фотографија заедно со двајцата претседатели .

Белата куќа негираше дека Родман ќе присуствува на состанокот во Сингапур. Родман , кој пет пати бил во Северна Кореја , на министерот за спорт Ким Ил Гук му ја подарил книгата на Трамп “The Art of the Deal” и се надева дека сите од делегацијата на Северна Кореја ја прочитале пред самитот.

И Американските медиуми потврдуваат дека Родман навистина заминал за Сингапур , напомнувајќи дека допрва ќе се дознае што тој ќе прави таму на 12 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top