| четврток, 6 декември 2018 |

За ова вработување нудат плата од соништата, за 10 дена 3.500 долари

Истражувачкиот Универзитет Сент Луис нуди 3.500 долари за лицата кои ќе прифатат да бидат во хотел во кој ќе бидат заразени со грип, а целта е да пронајдат универзална вакцина против грипот. После 10 дена во карантин тие ќе си одат дома.

Хотелот Инфлунца ќе има 24 соби, а во него лицата ќе добијат вакцина и ќе бидат изложени на вирусот.

Оние кои ќе се пријават да учествуваат во истражување, ќе мора да бидат во хотелот 10 дена и ќе имаат потполна нега и забава.

Меѓу нив е вирусот Х3Н2 од кој починаа голем број млади луѓе и деца, меѓу кои имало и вакцинирани.

Истражувачите тврдат дека ова место е совршено за развој на универзална вакцина, која американската влада ја смета за еден од приоритетите на јавното здравје.

Секоја година вакцините се подобруваат, но и покрај тоа илјадници луѓе умираат, бидејќи вакцината е ефектна само 30 проценти.

фактор.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top