| четврток, 6 декември 2018 |

Руската пепелашка: Се омажи за милијардер, но не го заборави сиромашното потекло

Руската пепелашка, Наталија Водианова, супермодел и мајка на пет деца има милиони на сметка, а животот го почна како сиромашно девојче во Нижни Новогород.

Таа не го заборави своето сиромашно потекло. Се занимава со хуманитарна работа и им помага на девојките кои се во иста ситуација како што била таа.

Наталија е родена во сиромаштија во рускиот град Нижни Новогород, а денес е една од најбогатите Русинки. Од тешката финансиска ситуација ја извлекла нејзината егзотична убавина.

Таа продавала овошје и зеленчук на пазар додека еден ден не ја здогледал агент на модна агенција. Занесната манекенка се омажи за милијардерот Анатолиј Арнаулт, се појави на сите најпознати ревии и работеше за најпознатите модни дизајнери.

Со само 36 години Наталија има зад себе два брака, пет деца и завидна манекенска кариера. Сепак, таа е најгорда на својата хуманиарна работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top